Компани не смета на Горецка во новата сезона

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка не беше вклучен во составот за вечерашниот натпревар од Купот на Германија против второлигашот Улм, објавија локалните медиуми.

Магазинот Кикер и ТВ Скај Спорт објавија дека играчот не бил вклучен во тимот од тренерот Винсент Компани и покрај тоа што бил фит и здрав. Баерн допрва треба официјално да го објави својот состав за натпреварот кој се игра вечерва од 20.45 часот.

Леон Горецка исто така беше изоставен од составот на Германија за Евро 2024 летото и немаше добра сезона со Баерн под водство на тренерот Томас Тухел. 29-годишниот Горецка има договор со Баварците до 2026 година.