Компани: Повредите беа голем проблем за нас во овој двомеч

Баерн Минхен одигра нерешено 2-2 на „Џузепе Меаца“ во Милано против Интер, а тој резултат му донесе елиминација од Лигата на шампионите, оставајќи го менаџерот Винсент Компани да размислува за кризата со повреди што го снајде неговиот тим пред четврт-финалето.
„Мислам дека голем проблем пред Интер беа повредите. Моравме да сфатиме што можеме без Хироки Ито, Дајот Упамекано, Џамал Мусиала, Мануел Нојер, Алфонсо Дејвис, Кингсли Коман, Александар Павловиќ“, реше Компани по натпреварот.
„Мислам дека на првиот натпревар ја покажавме добрата страна на Баерн Минхен, не зборувам за резултатот туку за играта. На вториот натпревар во Милано исто така покажавме позитивен став. Имавме многу шанси да постигнеме гол, повеќе од Интер. Имам измешани чувства. Суровата реалност е дека нема да го играме финалето на Лигата на шампионите дома. Не можеме да го промениме тоа. Освен тоа, проблем се секогаш големиот број на натпревари во краток период со многу патувања, што ја зголемува тензијата кога има отсутни“ изјави Компани.