Компани потпиша нов договор и тоа без клаузула со Баерн

Новиот договор на Винсент Компани со Баерн Минхен не вклучува клаузула за ослободување, објави Фабрицио Романо.

Баварците не вклучиле никаква финансиска компензација во договорот на Белгиецот, кој важи до 2029 година. Договорот, исто така, не содржи посебни клаузули за клубовите во англиската Премиер лига.

39-годишниот Компани е тренер на Баерн од 2024 година. Под негово водство, тимот одигра 68 натпревари, во кои победи на 50, одигра девет нерешено и загуби на девет.