Компани: Селтик ретко губи дома, затоа нашата победа има вредност

Тренерот на Баерн, Винсент Компани е задоволен од победата над Селтик (1-2) синоќа во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

„Ова е прво полувреме од двомечот. Генерално, резултатот е навистина одличен. Локалните навивачи ретко гледаат дека нивниот тим губи дома, особено во европските натпревари, па затоа високо ја цениме важноста на оваа победа и прикажаниот настап.
Во последните 10 минути моравме да ја држиме одбраната на ниво, и добро го завршивме тоа“, изјави Компани.

Реваншот ќе се игра во Германија на 18 февруари.