Компани: Тимскиот дух е моќта на ПСЖ

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го изрази своето восхитување од тимската игра на Пари Сен Жермен. Баварскиот гигант денес им гостуваат на Парижаните во натпревар од четвртото коло од главната фаза на Лигата на шампионите.

„Многу сум импресиониран од нивниот тимски дух, нивната способност да ја вратат топката и нивната индивидуална класа. Кога зборуваме за ПСЖ, не е доволно да се фокусираме само на еден играч. ПСЖ отсекогаш имал играчи од светска класа. Ние исто така имаме одлични квалитети, поради што натпреварот ќе биде толку возбудлив“, рече Компани.

„Секако, индивидуалните квалитети се неопходни за победа и не треба да го занемаруваме овој аспект. Но, она што го прави ПСЖ толку силен е токму фактот дека тие работат како тим во секоја фаза од играта“, додаде Белгиецот.

„Мора да веруваме во себе и да одиграме совршен натпревар. Се соочуваме со победникот на Лигата на шампионите и еден од фаворитите на турнирот“, заклучи тренерот на Баерн.