Компани ја спушта еуфоријата по убедливата победа во Кил

Фудбалерите на Баерн Минхен вчера го прегазија новакот во Бундес Лигата, Хоштен Кил со 6:1 и го запоседнаа првото место на табелата. Иако Баварците засега се супериорни, нивниот тренер, Винсент Компани, не дава големо значење на тој податок.
„Тоа се само три натпревари. Знам дека секогаш е важно Баерн да биде на првото место но, во моментов има само три натпревари“, рече Компани, кој е во првата сезона на клупата на гигантот од Минхен.
Баерн води на табелата со максимални 9 бодови пред екипите на Борусија Дортмунд и РБ Лјапциг.