Компмајнерс се согласи да премине во Јуве

Јувентус е блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс. Приоритет на Јувентус ќе биде засилување на средниот ред, а Копмајнерс е на врвот на листата желби.

25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.

Агентот на Копмајнерс веќе постигнал договор со „старата дама“ и играчот ги одбил другите понуди бидејќи сака да се пресели во Торино.

Аталанта за неговата слобода бара најмалку 60 милиони евра, а Јувентус наскоро ќе испрати прва понуда.