Конате се повреди, го чека пауза од 5-8 недели

Сериозен удар за Ливерпул ќе биде отсуството на централниот дефанзивец Ибрахима Конате. Дефанзивецот на социјалните мрежи објави порака во која потврди дека е повреден. Неговата повреда е на коленото и настанала по контакт со играчот на Реал Мадрид, Ендрик.
„Многу е фрустрирачки да се повредите на самиот крај од еден одличен натпревар во средата навечер. Сега го започнуваме процесот на опоравување, но едно нешто што можам да ветам е дека ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар. Ви благодариме за уникатната поддршка на „Енфилд“, стои во дел од пораката на Ибрахима Конате.
Очекувањата се дека дефанзивецот ќе отсуствува цел месец декември, а првичната прогноза е помеѓу 5 и 8 недели.