Конечно – Клоп добива приоритетни засилувања!

Ливерпул веќе одамна не е во конкуренција за одбрана на титулата. Тимот на Клоп од почетокот на сезоната имаше огромни проблеми во поглед на повреди. Најзначајни беа тие во дефанзивата, Ван Дајк и Гомез се на прагот на опоравување, а тандемот ја пропушти скоро цела сезона.
Германскиот стручњак во јануари ги доведе Кабак и Дејвис, но на лето ќе следи вистинското засилување на дефанзивата пред Алисон. Англиските медиуми пренесуваат дека трансферот во Лајпциг е блиску до финализирање.
Мета е 21-годишниот Ибрахима Конате. Дефанзивецот на Лајпциг игра одлична сезона, во Германија игра во тандем со Упамекано, кој од наредната сезона ќе го носи дресот на Баерн. „Црвените“ се на прагот на договор со Конате, но цената останува 40 милиони евра, колку што изнесува и откупната клаузула.
Покрај дефанзивец, Ливерпул ќе го реши и прашањето на резервен голман. Алисон е без конкуренција, Адриан ќе го напушти клубот на крајот од сезонава, а младиот Келехер се уште не е на потребното ниво. Се шпекулира дека засилувањето ќе биде Угурчан Чакир, голманот на Трабзон. За Турчинот ќе биде потребно да се издвојат околу 20 милиони евра, а јасно е дека Клоп посакува многу постабилна сезона.