Конечно – се врати Маркес по осум месеци пауза!
Шпанскиот мотоциклист и шесткратен светски првак Марк Маркес конечно се врати на стазата по осуммесечната пауза поради повреда.
Шпанецот одвози неколку кругови на стазата во Каталонија, а тимот на Хонда, за кој Маркес настапува, соопшти дека добил дозвола од лекарите за враќање на стазата.
По кршењето на десната рака на 19. јули минатата година во Херез, во текот на првата трка на Мото ГП сезоната, Маркес беше опериран три пати, последен пат во декември.
Моментално се наоѓа на списокот на возачи за првата трка во новата сезона, која се вози во Катар на 28. март.
„Ако тоа не биде возможно, ќе се обидам да бидам подготвен за втората трка во Катар на 4. април. А, ако ниту тоа не е можно, ќе се обидам да бидам во Португалија на 18. април.“ – изјави Маркес минатиот месец.