Конечно убави вести за Клоп!
Фудбалерите на Ливерпул во претстојното дерби против Челзи ќе бидат засилени со тројца опоравени првотимци, откако во неделата пред дербито на тренинзите се приклучија Диого Жота, Фабињо и Алисон. Ливерпул сезонава баш и немаше среќа со повредите, но пред дуелот кој се игра во четврток, Јирген Клоп има причини да биде задоволен. Најпрво кога станува збор за опциите во нападот, бидејќи Жота се враќа по пауза која траеше од декември и повредата против Мидтјиланд. Повредата на коленото на засилувањето од Вулверхемптон ги скрати опциите во нападот, баш во моменти кога играше во одлична форма. Клоп на располагање ќе го има и универзалецот Фабињо, кој не се штедеше оваа сезона да ги покрие „дупките“ во одбраната. На голот би требало да се врати и Алисон, кој не беше повреден, но го пропушти минатиот натпревар по трагичната вест за смртта на неговиот татко. Дуелот помеѓу Ливерпул и Челзи се игра во четврток со почеток од 21.15 на Енфилд, а најдобрите квоти за овој натпревар, но и сите останати можете да ги најдете на www.evrotip.mk.