Конзорциум од Саудиска Арабија го купува Олимпик Марсеј
Откако минатата година го купија англискиот Њукасл Јунајтед богатите корпорации од Саудиска Арабија продолжуваат со преземање и на други славни европски клубови.
Познатиот француски новинар, Давид Бергер, објави дека саудиски конзорциум многу наскоро ќе го преземе гигантот Олимпик Марсеј и веднаш ќе бидат вложени двеста милиони евра за нови засилувања! Оваа вест дојде како „бомба“ во европските медиуми, а се претпоставува дека целата работа е веќе завршена и Саудијците добиваат клуб кој е далеку пославен во светски рамки од англискиот премиерлигаш.
Постојат и шпекулации дека тренер на новиот Марсеј би требало да биде славниот Зинедин Зидан но уште нема никаква потврда од било кој извор.
„Работите се пред самиот крај, мислам дека многу наскоро ќе биде официјално објавено новото раководство на Олимпик. Целата зделка треба да биде заклучена во јануари, по што веднаш ќе следат активности на трансфер-пазарот. Сумата што ќе биде исплатена за купувања на клубот ќе изнесува 400 милиони евра“, напиша новинарот Бергер.