Конор Галагер е посакуван од Париз Сен Жермен

Играчот на Челзи, Конор Галагер, е трансфер цел на францускиот гигант Парис Сен Жермен.

21-годишниот Галагер привлече голема заинтересираност со своите одлични фудбалски партии кои ги прикажува во дресот на Кристал Палас, каде игра како позајмен играч од Челзи.

Според пишувањата на англискиот весник „Сан“, тренерот на парижаните Маурисио Почетино бил голем фан на младиот англиски фудбалер кој настапува на средината од теренот. 

Галагер на 17 натпревари во Премиер лигата, досега има постигнато 6 гола и 3 асистенции. Информациите од Челзи се дека ќе причекаат да видат како ќе се одвива формата на играчот во останатиот дел од сезоната па ќе одлучат дали ќе го вратат во Лондон или ќе се одлучат за негова евентуална продажба доколку пристигне богата понуда.

Според проценките, од ПСЖ се подготвени да понудат околу 30 милиони фунти за услугите на супер талентот од „Стенфорд Бриџ“.