Конрад Лајмер добива нов договор во Минхен

Баерн размислува да му понуди нов договор на еден од своите најстабилни играчи, Конрад Лајмер, објави „Билд“. Тековниот договор на Австриецот е до летото 2027 година.
Првичните разговори меѓу двете страни се одржани, но сè уште нема писмена понуда од Баварците за 28-годишникот. Преговорите наскоро ќе бидат забрзани и се очекува договор до крајот на годината.
Баерн го потпиша Конрад Лајмер во летото 2023 година како слободен трансфер од РБ Лајпциг. Австриецот се етаблираше како еден од најважните играчи во тимот на Винсент Компани. Најчесто се користи како десен бек, но може да игра и лево од одбраната и како играч од средниот ред.
Оваа сезона има 12 натпревари во кои постигнал еден гол и направи пет асистенции.