Конте го поврзуваат со многу клубови, но тој го преферира Милан
Каталонските медиуми објавија дека Антонио Конте се понудил на Барселона, меѓутоа од Италија пристигнуваат поинакви вести.
Имено, според информациите од Апенините, Конте не ја разгледувал опцијата да биде наследник на Чави во Барселона бидејќи веќе некое време води преговори со Милан.
Конте веќе го одби Аурелио де Лаурентис да го преземе Наполи, едноставно смета дека Неапол не е вистинска средина за него. Сега го чека расплетот на „Сан Сиро“, се шпекулира дека Пиоли на крајот од сезоната ќе замине и тогаш патот за екс-тренерот на Интер и Јувентус би бил целосно отворен.
Златан Ибрахимовиќ веќе некое време работи на доаѓањето на Конте и останува да се види како ситуацијата ќе се развива. Кога во прашање е Барселона, Конте веројатно никогаш не бил опција поради неговата филозофија, засега прв пик на каталонскиот гигант е Ханси Флик.