Конте го сака Кулушевски на местото на Кварацхелија

Наполи има нова трансфер цел за својата зимска селекција.

Од „Диего Марадона“ се насочија кон крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски, открива експертот за трансфери, Николо Шира. Швеѓанецот се гледа како потенцијална замена за Хвича Кварацхелија.

Грузиецот е предмет на сериозен интерес од неколку клубови. Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Ливерпул го сакаат во своите редови. Наполи не сака да се раздели со својата ѕвезда, но тешко би го задржале при добра понуда. Наводно клубот за него бара ни помалку ни повеќе туку 80 милиони евра.

Затоа „наполитанците“ сакаат да бидат подготвени со евентуална замена за Кварацхелија и веќе имаат на ум неколку играчи. Меѓу нив се Един Жегрова од Лил и Федерико Киеза од Ливерпул, но сега на списокот може да се додаде и Дејан Кулушевски.

Швеѓанецот со македонско потекло има искуство во Италија, каде играше за Парма и Јувентус пред да биде продаден во Тотенхем во 2022 година. Откако им се приклучи на „петлите“, тој забележа 126 настапи, постигнувајќи 22 гола и 27 асистенции.