Конте два натпревари нема да седи на клупата на Интер
Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, доби суспензија од два меча и парична казна од 20.000 евра откако беше исклучен на дуелот против Удинезе во Серија А.
Судијата Фабио Мареска му даде црвен картон на Конте поради приговор а стратегот продолжи со недолични коментари додека го напушташе теренот како и во делот под трибините.
Затоа, Дисциплинската комисија одлучи да го суспендира Конте за наредните два меча во Серија А против Беневенто и Фиорентина.