Конте демантира поврзаност со Барса и Арсенал

Антонио Конте ги демантираше шпекулациите дека води преговори со Арсенал и Барселона.
Конте минатата сезона го предводеше Интер до Скудетото, но во текот на летото го напушти кормилото на „нероаѕурите“. Моментално е слободен агент, а медиумите го поврзуваат со Арсенал и Барселона.
Споменатите клубови имаат лош старт на сезоната и се погласно се шпекулира дека Артета и Куман може да добијат отказ, а Конте е прва желба на Каталонците и „топџиите“.
Меѓутоа, Конте демантира дека постојат било какви преговори и уште еднаш потврди дека оваа сезона сака да земе одмор.