Конте е прв избор за нов тренер на Наполи
Аурелио Де Лаурентис е решен да го види Антонио Конте на чело на својот тим, пишува „Газета дело спорт“.
Како што е познато, минатиот октомври Конте одби да ја преземе оваа екипа по нивната разделба со Руди Гарсија. Сепак, по завршувањето на сезоната, Де Лаурентис ќе направи уште еден обид да го ангажира поранешниот предводник на Јувентус, Италија, Челзи, Интер и Тотенхем. Привремениот тренер Франческо Калцона сигурно ќе си замине на лето бидејќи сака да ја продолжи својата главна обврска со репрезентацијата на Словачка.
Според изданието, претседателот на Наполи е подготвен да обезбеди и огромна плата за Конте и трансфер буџет за засилување на тимот. Парите за нови засилувања ќе дојдат од потенцијалната продажба на најдобриот стрелец Виктор Осимен, кој се проценува на повеќе од 100 милиони евра. Можна замена за него кај „наполитанците“ би можел да биде Ромелу Лукаку, кој веќе соработуваше со Конте во Интер. Сега тој е на позајмица во Рома, а на лето Челзи ќе бара друг тим за него.