Конте и Елмас испаднаа, Наполи најголемо разочарување во ЛШ

Вечерва се одигра последното коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите, по кое се потврди конечниот изглед на табелата. Едно од најголемите изненадувања е дека Реал Мадрид по поразот од Бенфика заврши во плеј-офот и ќе мора да игра дополнителни два натпревари за место во осминафиналето.
Уште поголемо разочарување доживеа Наполи, кој со поразот од Челси заврши како 30-ти на табелата и се елиминира од натпреварувањето во Европа.
Арсенал пак, беше најдобриот тим во лигашкиот дел од сезоната, завршувајќи со 23 постигнати гола и само четири примени, со максимални осум победи. „Топчиите“ вечерва го потврдија првото место со триумф над Кајрат од 3-2.
Директно место во осминафиналето обезбедија и Баерн Минхн, Тотенхем, Барселона, Челси, Спортинг и Манчестер Сити.
Плеј-офот ќе биде борба за место во осминафиналето за: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабах, Бодо/Глимт и Бенфика.