Конте казнет со еден натпревар, по протестите против Аталанта
Интер чекори кон титулата, а во наредното коло „нероаѕурите“ ќе биде без Антонио Конте. Тимот на Интер ќе игра против Торино, а Конте нема да биде на клупата со оглед дека ќе мора да оди на „ладење“. Конте е суспендиран на еден натпревар поради жолтиот картон и непримерното однесување во натпреварот против Аталанта. Серија А пред почетокот на сезоната воведе правилник според кој секој неспортски гест, па и оној најмалиот ќе се казнува. Од тој правилник очигледно не се отстапува и кога во прашање се поголемите тимови.
