Конте одбил астрономска понуда од Саудиска Арабија

Италијанскиот фудбалски тренер, Антонио Конте, кој нема клуб откако ја прекина соработката со англискиот Тотенхем, вели дека жали што на времето си заминал  од редовите на Јувентус.

„Одбив огромна понуда од Саудиска Арабија – решив да кажам не. Зажалив што го напуштив Јувентус по само три години. Би сакал еден ден да работам во Рома или Наполи“, вели Конте кој до неодамна се поврзуваше со селекторската позиција во Италија но, тоа не се случи.