Конте пред промоција за нов менаџер на Тотенхем

Италијанскиот стручњак Антонио Конте најверојатно ќе го преземе кормилото на Тотенхем, неполни десеттина дена после освојување на титулата во Серија А и заминување од Интер, пренесува агентот Фабрицио Романо. Тој наведува дека преговорите помеѓу Денис Леви од Тотенхем и Конте се во напредна фаза и во моментов се финализираат последните детали.

Конте ќе добие потполна слобода, односно да направи тим по своја мерка. Затоа во пакет со него во Лондон ќе пристигне и поранешниот спортски директор на Јувентус, Паратичи.

Како што пренесува Романо, Конте не бил никогаш опција за Реал Мадрид, кој во меѓувреме го назначи Карло Анчелоти за нов тренер.

Конте во Премиер лигата го предводеше Челси. Со „сините“ освои една титула во најквалитетната лига во лулката на фудбалот.