Конте пред промоција на позицијата селектор на Италија

Антонио Конте е подготвен да прифати значително намалување на платата за да се врати на претходната позиција како селектор на Италија, но се очекува дека тоа сепак, ќе чини двојно повеќе од неговиот главен конкурент за таа позиција, Роберто Манчини. Конте и Манчини се водечки кандидати за наследник на Џенаро Гатузо, кој се повлече кратко време по неуспехот на Италија да се квалификува на Светското првенство кон крајот на март.
Се очекува на претстојниот состанок на федерацијата да бидат разгледани неколку теми, вклучувајќи го и изборот на потпретседатели, додека продолжуваат дискусиите за нов селектори технички директор на националниот тим.