Конте разочаран од формата на Тотенхем
Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте ја изрази својата огорченост по поразот од Барнли со 1:0 во одложениот натпревар на Премиер лигата.
Ова е четврт пораз за Тотенхем во последните пет натпревари.
„ Дојдов во клубот за да ја подобрам ситуацијата, но се чини дека не сум доволно способен. Работам напорно и се трудам да ги доведам играчите на најдобро ниво. Имаме нов натпревар во сабота и тоа ќе биде добар момент за проценка на ситуацијата. Не сум навикнат на оваа состојба. Нешто не е во ред и јас сум подготвен да ја преземам одговорност, бидејќи четири порази во пет натпревари се неприфатливи“, изјавува Конте.