Конте се договори со Тотенхем, прва цел му е да го задржи Кејн

Антонио Конте ќе биде нов тренер на Тотенхем. Според „ЕСПН“ двете страни постигнале договор после 48-часовни преговори.

Конте неодамна го напушти Интер и се очекува наскоро официјално да биде промовиран во нов менаџер на Тотенхем. Заедно со него во тимот од Лондон ќе пристигне и бившиот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи.

Италијанските медиуми откриваат дека Конте во Тотенхем ќе заработува 15 милиони евра годишно плус 2,5 милиони под формата на бонуси.

Претседателот Даниел Леви му ветил на Италијанецот амбициозен проект и голем буџет за трансфери, а ќе направи се за да го задржи и Хари Кејн во тимот.