Конте: Тотенхем е играчки ослабен во јануари

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, излезе со став дека неговиот тим беше ослабен во јануарскиот преоден рок, иако доведе двајца нови фудбалери.
Популарните Спурси ги доведоа Дејан Кулушевски и Родриго Бентакур, додека Ндомбеле и Џовани Ло Селсо заминаа на позајмица, Деле Али направи трансфер во Евертон а Брајан Хил е нов играч на Валенсија.
„Изгубивме четворица играчи кои беа многу важни за тимот, а доведовме само двајца. Кога ќе ги погледнеме бројките ние во јануарскиот преоден рок наместо да ја засилиме, ние ја ослабивме екипата“, потенцира Конте.
Тотенхем во моменот е на осмото место во Премиер лигата со освоени 36 бодови. Следниот натпревар го играат против шампионот Манчестер Сити.