Конте: Ќе биде многу тешто да се пласираме меѓу првите четири екипи во лигата

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, е на мислење дека на екипата ќе му биде многу тешко да се избори за место меѓу четирите најдобри екипи во Премиер лигата. 

„Запомнете дека го победивме Ватфорд во последен момент од средбата. Тоа се случи и против Лестер оваа недела. Задоволство е да се гледа како тимот се бори до последната секунда. Важно е да останеме реални и да сфатиме дека ќе ни биде навистина тешко до крајот. Треба значително да се подобриме“, изјави италијанскиот стручњак.

За секој клуб е битнода освојува трофеи, но прво треба да разберете дали сте подготвени за тој подвиг. Само еден триумфира, а на другите им остануваат само обидите да го направат тоа“, потенцира Конте.

Тотенхем се наоѓа на 5-то место во Премиер лигата со освоени 36 бода, но и со помалку натпревари од своите ривали.