Корнет од Лион се сели во Барнли
Дефанзивецот на Лион, Максвел Корнет, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, јавуваат некои англиски весници.
Според информациите, Барнли тргна по потписот на 24-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска. Англискиот клуб понудил 14 милиони евра за играчот, што е реално повисока од сумата што претходно ја нудеше германската Херта.
Минатата сезона, Корнет настапи на 39 натпревари за Лион, постигнувајќи четири гола и шест асистенции.