Коронавирусот го „крои“ распоредот во Лига на шампиони

Како што е веќе познато, правилата на Германија поврзани со пандемијата на коронавирусот им прават проблеми на клубовите од Островото.
Лигата на шампионите се враќа наскоро, а првите натпревари помеѓу Лајпциг и Ливерпул, како и Борусија Менхенгладбах и Манчестер Сити ќе мора да доживеат промени. Или промена на датумот или промена на местото на одигрување.
Правилата на УЕФА налагаат дека домаќините мораат да најдат решение, а тимот од Менхенгладбах веќе го направи тоа. Првиот натпревар од осминафиналето против Сити ќе биде одигран на стадионот на Мидтјиланд во Хернинг, Данска.
Неутралниот терен веќе е пронајден, а останува уште на Лајпциг да пронајде решение. Во спротивно, тие може да го загубат натпреварот на зелена маса.