Коронавирусот се шири во Премиерлигата!
Во текот на последното тестирање на фудбалери и членовите на стручните штабови на екипите во Премиерлигата се потврдени нови 36 случаи на коронавирус , соопштија од лигата.
Во последната недела се спроведени 2.593 тестови, помеѓу 4. и 7. јануари се пронајдени 27 позитивни, а уште девет на тестирањата помеѓу 8. и 10. јануари.
Играчите и членовите на екипите на сите 20 клубови се тестирани по два пати во текот на неделата. Сите кои беа позитивни мораат во изолација од десет дена, а на претходното тестирање беа пронајдени 40 случаи на вирусот.
Поради КОВИД-19 беше одложен натпреварот помеѓу Астон Вила и Тотенхем, бидејќи клубот од Бирмингем има голем број на заразени.
По тоа одложување, одлучено е во среда да се игра претходно одложениот натпревар помеѓу Тотенхем и Фулам.