Костески побрз од сирената, Македонија мининално ја совлада Романија

Македонската ракометна репрезентација забележа драматична победа над Романија од 24-23 во последниот натпревар за нас во Б групата на Европското првенство.

Ова беше меч во кој дојдовме до триумф пред звукот на сирената, а автор на победничкиот гол беше крилото Ненад Костески. Водевме со четири разлика по првиот дел (13-9), но наместо водени од ова да одиграме уште посилно, да се обидеме да направиме поголема разлика влеговме во проблеми, одредена нервоза и се влезе во неизвесна завршница во која решаваа нијанси.

Романците од 22-19 дојдоа до 22-22, по што ние дадовме гол, противникот возврати и тргнавме во последен напад кој Костески го реализираше за прво славје на Македонија на турнирот.

Со оваа победа Македонија уште е теоретски во игра за главната фаза, но реално треба да се случи чудо за да одиме понатаму на Европското првенство.

Меѓутоа овој резултат треба да ни донесе полесен пат кон СП 2027.