Кошаркарите ги започнаа подготовките за двомечот против Литванија

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска попладне, од 13:00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски стави шеснаесет кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекцијата на Литванија, првиот на 21. ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, 24.ноември, на гостински терен во Клаипеда.

Согласно со планираното, во салата СРЦ „Кале“, каде, во четврток, од 18:00 часот, ќе го играме натпреварот против репрезентацијата на Литванија, „црвено-жолтите“ ќе одработат и одреден број на тренинзи.