Кошаркарите ќе играат претквалификации со Турција и Австрија

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. Според денешната ждрепка, нашата најдобра селекција ќе настапува во групата Ф, заедно со репрезентациите на Кипар и на Австрија.
По максималниот учинок во првата претквалификациска фаза, во која Македонија оствари шест победи на исто толку натпревари и го освои првото место во групата, следува нов предизвик на патот кон Европското првенство.
Во втората претквалификациска рунда ќе се игра по двокружен систем, односно секоја репрезентација ќе одигра по четири натпревари – по два на домашен и на гостински терен. Натпреварите ќе се играат во трите ФИБА „прозорци“ – во август и ноември 2026 година, како и во февруари 2027 година.
Пласман во квалификациите за Евробаскет 2029 ќе обезбедат победниците на четирите групи.
Група Д
Данска
Романија
Бугарија
Група Е
Швајцарија
Велика Британија
Словачка
Група Ф
Кипар
Австрија
Македонија
Група Г
Белгија
Чешка
Норвешка
Македонија ќе го започне новиот квалификациски циклус на 30 август, а четирите натпревари од оваа фаза ќе бидат клучни во борбата за место во главните квалификации за ФИБА Евробаскет 2029.