Кошаркарската Евролига со новитет пред стартот на новата сезона
Евролигата соопшти дека во новата сезона на ова натпреварување за прв пат ќе биде овозможено користење на Челинџ на натпреварите.
Тренерите на екипите ќе имаат можност да побараат видео преглед на најмногу една спорна ситуација во текот на натпреварот.
Издвоени се 16 различни ситуации во кои ќе има можност да се употреби џелинџ, односно прегледување на видео снимка со спорни моменти како прекршок, шут за три поени и слично.