Кошарка Македонските младински кошаркарски селекции ги добија противниците за Европските првенства во 2026 година

Три селекции во машка, и една во женска конкуренција, денеска ги дознаа противниците за претстојните европски младински првенства.
Ова лето, нашиот машки младински национален тим ќе патува за Словачка, конкретно, до Братислава, каде во периодот од 10.до 19.јули. ќе се игра евро-шампионатот од Дивизијата „Б“, за кошаркари „Под 20“ години, а Македонија ќе биде во групата А заедно со Шведска, Ирска, Словачка и Азербејџан.
Селекцијата на Македонија за кошаркари „Под 18“ години ќе биде дел од ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 24.јули до 2.август ќе се игра во Хрватска, поточно во Ријека и во Опатија каде за противници во групата Д ги добивме Шведска, Унгарија, БиХ и Грузија.
Нашата машка кадетска репрезентација „Под 16“ години ќе биде дел од Дивизијата „Б“ на шампионатот кој ќе се игра во периодот од 6. до 15.август, во Скопје и ќе игра во групата Б заедно со Хрватска, Швајцарија, Исланд, Украина и Кипар.
Женскиот младински репрезентaтивен сегмент ќе го претставува нашата селекција „Под 18“ години, домаќин на шампионатот од Дивизијата „Б“ ќе биде Романија, а првенството ќе се игра во Тулчеа, во период од 31.јули до 9.август. Нашата репрезентација за противници во групата Д ги доби Грција, Словачка, Велика Британија и Данска.