Кој може да го сруши Луис Хамилтон од тронот?

Некогашниот шампион во Формула 1, Нико Розберг оцени дека возачот на Ред Бул, Макс Верстапен сезонава има најголеми шанси да го победи седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон во борбата за титулата. Розберс своевремено беше тимски колега со Хамилтон во Мерцедес и е единствен возач кој успеа да го спречи Британецот да освои титула, откако е воведена хибридната турбо ера во 2014. година. Хамилтон сезонава ќе се обиде да ја освои рекордната осма титула шампион на Формула 1, Розберг вели дека и понатаму е тешко да се замисли дека некој друг може да биде подобар од Хамилтон во текот на целата сезона, но дека најголема шанса за тоа има Верстапен. Запрашан за тоа на кого би се обложил во борбата за титулата, Розберг одговори: „На Хамилтон, бидејќи никој не може да замисли дека некој навистина може да го победи Луис во текот на целата сезона по бројот на бодови, така што пари би уплатил на Луис. Но, Макс Верстапен е посебно блиску во предсезоната, по прашањето на шанси да биде подобар од Луис во борбата за титула. Мислам дека никој не бил толку блиску веќе долго, долго време.“ – оцени Розберг, кој својата единствена титула ја освои во 2016. година, по што ја заврши кариерата.