Кој може да си го дозволи Кристијано Роналдо?
Поранешниот извршен директор на Баерн и легенда на светскиот фудбал, Карл Хајнц Румениге се осврна на ситуацијата која владее во тој спорт и ја повика УЕФА да направи ред, бидејќи би можеле да следат тешки моменти за фудбалот.
Румениге го изјави тоа анализирајќи ја состојбата на пазарот и разликите помеѓу клубовите, па а пример го наведе Кристијано Роналдо. Португалскиот напаѓач, се верува, сака да го напушти Јувентус, а Румениге предупредува:
„Најголем проблем е неговата плата. Тој заработува 35 милиони евра годишно за што треба да се издвојат 70 милиони бруто. Кој може тоа да си го дозволи? ПСЖ? Можеби некој од англиските клубови? Тоа не е здрав начин на напредок, УЕФА мора да интервенира и нешто да направи.“
„Потребна е регулација на цените, бидејќи трошоците повторно растат и ако нешто не се направи, за фудбалот следат тешки времиња.“ – додава Румениге.