„Кралевите“ го враќаат Раул Де Томас
Реал Мадрид не смета на Лука Јовиќ и Маријано Диаз, а од шпанските медиуми денес пристигна информација дека Карло Анчелоти сака да го доведе Раул Де Томас.
Напаѓачот на Еспањол игра одлично и оваа сезона постигна 15 гола, аи нтересно е дека ги помина сите младински категории на Реал Мадрид. Беше испраќан на бројни позајмица, но кога блесна во сезоната 2018/2019 во дресот на Рајо Ваљекано Реал го продаде на Бенфика за 20 милиони евра.
После една сезона во португалскиот клуб Еспањол одлучи да го купи за 15 милиони евра и повторно овој напаѓач се врати на старото ниво. Сега може да добие нова шанса во Реал Мадрид после три години, тој би бил алтернатива на Карим Бензема кој не може сам да го „влече“ тимот на сите фронтови и наредната сезона.