„Кралевите“ го сакаат Ван де Бек во трансферот на Варан

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед официјално ги започнаа преговорите за трансфер на Рафаел Варан на „Олд Трафорд“.

Варан одби да го продолжи договорот со „кралевите“ и сака да ја промени средината, а Јунајтед е негова прва опција.

„Сан“ пишува дека Реал Мадрид ќе инсистира во договорот за Варан да биде вметнат и Дони Ван де Бек кој првично би дошол во Мадрид како позајмен фудбалер, а Реал да има право на целосен откуп на неговиот договор следната сезона.

Холанѓанецот минатото лето пристигна на Олд Трафорд, но не се снајде најдобро во Премиер лигата и не е во плановите на Солскјер.