„Кралевите“ гризат за потписот на Лукаку
Приоритет на Реал Мадрид на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач. Ерлинг Халадн и Килијан Мбапе се на врвот на листата желби на „кралевите“, но конкуренцијата за нив е огромна и трансферната сума исклучително висока. Поради тоа шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе се насочи кон Ромелу Лукаку. Белгиецот игра фантастично во дресот на Интер и во Мадрид веруваат дека би можел да биде идеален наследник на Карим Бензема. „Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Реал ќе се обиде да ги искористи и ќе испрати понуда од 80 милиони евра. Притоа, на Лукаку му нудат многу повисока плата од актуелната која ја заработува во Милано.