„Кралевите“ започнаа преговори со Варан за нов договор

Реал Мадрид започна преговори за нов договор со еден од нивните главни дефанзивци – Рафаел Варан. Актуелниот договор на централниот дефанзивец со Реал Мадрид истекува летото 2022 година. Од „Сантијаго Бернабеу“ се надеваат дека ќе ја избегнат можноста да го загубат овој фудбалер без никакво обештетување за помалку од една година и се решени да му се посветат на играчот за многу подолг временски период. Според „Марка“, преговорите течат добро и наскоро се очекува договор меѓу двете страни. Во последно време се почести се шпекулациите за иднината на 27-годишниот дефанзивец, па дури имаше информации дека играчот им рекол на управата на Реал Мадрид дека сака да замине на лето. Сепак, доколку се согласи на нов договор со актуелниот шпански шампион, Варан сигурно ќе ги олади амбициите на другите големи европски клубови да го привлечат во нивните редови. Французинот игра во Реал Мадрид од 2011 година, кога го купија од неговиот матичен клуб Ленс. Оваа сезона Варан има 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.