„Кралевите“ му нудат нов договор на Начо Фернандез

Реал Мадрид со нов договор сака да го задржи Начо Фернандез во својот тим.
Раководството на „белите“ е подготвено на искусниот дефанзивец да му понуди нов договор – до летото 2024 година, што е 12 месеци подолго од сегашниот. Се разбира, тука е вклучена и повисока плата.
32-годишниот Начо минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања за Реал Мадрид и постигна три гола. Тогаш „белите“ ја освоија титулата во Ла Лига и триумфираа во Лигата на шампионите.
Поранешниот шпански репрезентативец е дете на клубот, а дел од првиот тим е веќе 11 години.