„Кралевите“ очекуваат дебел приход од трансферот на Мбапе
Раководството на Реал Мадрид веќе планира приход од најмалку 10 милиони евра од привлекувањето на Килијан Мбапе, пренесува весникот „АС“.
Овие пресметки се должат на договорот меѓу двете страни, кој на Реал Мадрид им дава околу 30% од приходите од рекламните права на Французинот. Досега сите 100% одеа кај играчот според договорот со ПСЖ, но ситуацијата на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде поинаква.
Во моментов, според различни податоци, Мбапе заработува околу 30 милиони евра по сезона од рекламни договори, но Реал силно се надева дека спојувањето на двата бренда ќе може значително да ја зголеми оваа сума во наредните години. Приходите од рекламните права се надополнуваат на очекуваната плата на напаѓачот од околу 15 милиони евра по сезона, но тој ќе инкасира и бонус за потпишување од 100 милиони евра како слободен агент.