„Кралевите“ се согласија на 10% помали плати од сегашните
Реал Мадрид постигнал договор со играчите за намалување на платите за 10%. Според изворот, „кралскиот клуб“ нема проблем со исплатата на платите, како што е во другите тимови, но поради падот на приходите морало да с енаправи компромис за делумно намалување на трошоците. Исто така се зборува дека клубот нема да купи ниту едно ново засилување во текот на зимскиот преоден рок. Раководството верува дека би било нелогично да се бараат играчи, а истовремено да се намалуваат платите.