Крај на драмата – Роналдо го напушти Манчестер Јунајтед
Конечно се стави крај на драмата во која главни улоги имаа Кристијано Роналдо, Ерик тен Хаг и сопствениците на Манчестер Јунајтед.
Водечките луѓе на клубот од Олд Трафорд преку официјално соопштение ја потврдија разделбата со Кристијано Роналдо. Во соопштението се вели дека е постигната спогодба Роналдо да го напушти Манчестер Јунајтед, и таа одлука стапува на сила веднаш. Клубот му се заблагодари на Роналдо за неговиот огромен допринос во клубот за кој постигна 145 гола на 346 натпревари.
Кристијано Роналдо во својата изјава вели дека е подготвен за нови предизвици во нов клуб, и дека навивачите на Манчестер Јунајтед засекогаш ќе останат во неговото срце.