Крај на приказната меѓу Кајл Вокер и Манчестер Сити

Англискиот репрезентативец претставува еден од најдобрите и најуспешните трансфери на Пеп Гардиола. Иако е широко признат како еден од најдобрите бекови во историјата на Премиер лигата, времето на Вокер на „Етихад“ заврши. 

Фабрицио Романо објави дека раководството на клубот не го вклучува 33-годишниот дефанзивец во своите планови за следната сезона. Имајќи го предвид фактот дека неговиот договор истекува во 2026 година, ова лето се смета за идеално време двете страни да се разделат и да тргнат по различни патишта. 

Вокер е вистинска легенда на Сити – одигра 319 натпревари и освои шест титули во Премиер Лигата, два ФА Купа, четири Карабао Купа и една титула во Лигата на Шампионите во текот на осумте години поминати во клубот. Но, поранешниот фудбалер на Тотенхем сега се соочува со неизвесна иднина, откако стана јасно дека повеќе не ги исполнува барањата на Сити. 

Пеп Гардиола потврди дека Кајл Вокер нема да биде дел од тимот што ќе патува на Светското Клупско Првенство.