Крводарителска акција од голем размер на Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа!
По собирањето на вкупно над 100 крвни единици на претходно организираните три крводарителски акции, спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клуб на први септември ќе ја организираат четвртата крводарителска акција, која се очекува да биде најголема досега.
Под мотото „Дарувај крв, спаси живот!“, докажувајќи ја својата општествена одговорност, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа ќе ја организираат оваа акција на која покрај вработените, но и верните посетители од Битола, се очекува крв да даруваат и вработени во компанијата од регионот, како и од главниот град на државата.
На големата крводарителска акција, овој пат се приклучуваат и компаниите: СН Финансии, СН Осигурителен Брокер и ЈК Травел, наведува организаторот.
Дарувањето на течноста која живот значи, во било кој момент е од огромно значење, а посебно во време на светска пандемија со која се соочуваме.
Токму затоа, спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клуб се одлучија за организирање на нова крводарителска акција, откако претходно организираните поминаа со забележителен успех.
Организаторите се надеваат дека акциите од ваков карактер ќе бидат поттик и за останатите компании да го следат нивниот пример и да го направат најхуманиот гест кој може да се направи.