Кремонезе последен патник во Серија А

Фудбалерите на Кремонезе повторно ќе играат во италијанската Серија А. Во финалето од дополнителните квалификации, клубот од Кремона беше подобар од Специја со вкупен резултат од 3-2.
По 0:0 во првиот натпревар, во кој Кремонезе беше домаќин, во реваншот славеа како гостин со 3-2.
Кремонезе беше на сигурен пат кон Серија А бидејќи водеше со убедливи 3-0 до 83. минута. Де Лука постигна два гола (27. и 79. минута), додека уште еден гол додаде Колоколо во 62. минута.
На крајот, Специја успеа да внесе голема драма во реваншот. Еспозито го намали резултатот на 1-3 во 83-та минута, а во 85-та минута Вињали постигна гол за 2-3. На Специја ѝ беше потребен уште еден гол за целосен пресврт и да ја продолжи драматичната борба за Серија А, но гостите од Кремона успеаја да ја зачуваат својата предност од еден гол. Двата тима натпреварот го завршија со по 10 фудбалери на теренот.
Овие два тима испаднаа од Серија А во сезоната 2022/23, но сега Кремонезе успеа да се врати во елитата. Специја ќе има нова можност следната сезона. Емполи, Венеција и Монца испаднаа од Серија А, додека Сасуоло и Пиза претходно обезбедија директно промовирање во елитната класа.