Кремонезе пред потпис со Варди

Новиот италијански прволигаш Кремонезе започал преговори со легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди кој си замина од клубот каде што остави длабока трага по истекот на договорот на крајот на минатата сезона.

Варди смета дека и понатаму може да игра на високо ниво, а во претходниот период се поврзуваше и со преселба во Наполи. Сепак, таа опција изгледа отпадна.

СКремонезе оваа сезона е врати во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал и сезоната ја започна со победа над Милан на гостински терен.

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио тврди дека преговорите за трансфер на Варди се во тек и дека Кремонезе вложува големи напори да го убеди искусниот голгетер да пристигне во Италија.

Ангажманот во Кремонезе би бил прв за Варди во италјанскиот фудбал.